Британскиот премиер Стармер: „Џозеф Бајден не е ниту сенилен ниту престар“

108

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека Џозеф Бајден не е ниту сенилен ниту премногу стар за да биде претседател на Соединетите Американски Држави (САД), пишува денеска порталот Политико.

Новиот британски премиер по едночасовниот разговор во Белата куќа со Бајџедна за Би-Би-Си истакна дека американскиот претседател е во „навистина добра форма“.

Порталот потсетува дека Бајден е под огромен притисок да се повлече од изборната кампања за ноемвриските избори, особено по телевизиската дебата со противкандидатот Доналд Трамп, кој води во анкетите.

Сè поголем број демократски претставници, вклучително и актерот и еден од најголемите донатори на партијата, Џорџ Клуни, јасно кажаа дека Бајден треба да се повлече од трката.σ

Поминавме низ голем број теми, што беше важно за мене, бидејќи тоа беше мојата прва можност за ваква билатерална, а тој покажа неверојатно лидерство, изјави Стармер.

Тој беше во добра форма, а потоа отидовме на вечера заедно, на која тој беше домаќин, Стармер пренесе дел од деталите од средбата одржана во средата во Вашингтон, како дел од самитот на НАТО.