Британска министерка поднесе оставка затоа што ја довела во заблуда полицијата

428
Британската министерка за сообраќај Луиз Хеј поднесе оставка откако ја довела во заблуда полицијата, изјавувајќи дека службениот телефон ѝ е украден при напад на улица, а потоа го нашла дома, соопшти владата во Лондон.
Луис Хеј оценила дека тој инцидент од 2013 година влијел врз нејзината работа во Владата, објави Ројтерс.
Останувам целосно посветена на нашиот политички проект, но сметам дека најдобро ќе му служам давајќи ја својата поддршка надвор од Владата, навла Луиз Хеј во писмо до британскиот премиер Кир Стамер.

Луиз Хеј порачала дека станувало збор за „грешка“ од која „немала никаква корист“.

 

 

ИЗДВОЕНИ