БРИСЕЛ НАРЕДИ: Бугарија не може да продава руска нафта на други

160

Бугарија, на почетокот на годинава, доби исклучок од санкциите воведени од ЕУ против увозот на руска нафта по морски пат поради нејзината географска локација, изјави во понеделник портпаролот на Европската комисија, Петер Стано.

Исклучок е до крајот на 2024 година, истакна тој. Целта на исклучокот е Бугарија да може да ја набавува, а не да ја продава увезената руска нафта во други земји – од ЕУ или од странски земји, појасни тој.

Портпаролот додаде дека ова прашање е разјаснето во насоките за санкции. Насоките се претставени на веб-страницата на ЕК, додаде тој.