Египет отсекогаш бил познат по тоа што од време на време произведува напаѓачи од светска класа. На почетокот на векот тоа беше Ахмед Хосам Мидо, а во последната деценија таа чест ја има бомбардерот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Салах има 32 години, полека но сигурно влегува во последната етапа од богата кариера, а тоа е јасен знак дека е време да го бара својот наследник, кој настапува во германската а еден таков играч игра во Бундеслигата.
Омар Мармуш едноставно доминира оваа сезона и тоа со 12 погодоци и дури девет асистенции во сите натпреварувања.
Египќанецот, роден во Каиро, има 25 години и моментално игра за Ајнтрахт од Франкфурт, откако претходно не успеа да импресионира во Волфсбург и Штутгарт.
За него тековната сезона започна на феноменален начин, а на последниот меч против Бохум во големиот триумф од 7:2 успеа да постигне гол и да забележи две асистенции. Во периодот од второто до седмото коло постигна гол на шест натпревари.
Може да се пофали и со фактот дека беше стрелец во сите натпреварувања во кои играше, бидејќи постигна гол во Купот на Германија, каде беше елиминиран тимот на Борусија Менхенгладбах, а беше ефикасен и во Лига Европа.
Мармуш е играч кој може да игра на сите позиции во нападот, Ајнтрахт го користи во шпицот, додека играњето на левата страна е исто така негова силна особина.
Бидејќи е еден од најдобрите играчи во Бундеслигата, веднаш го забележа најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), чии челници веќе работат на неговото доведување на „Алијанц арена“.
Статистиката покажува дека неговата максимална брзина е 35 km/h што го прави побрз од сите крилни играчи на Баерн (М) како Сергеј Гнабри, Лерој Сане и Кингсли Коман.
Според извештаите од Германија, Баварците ќе мора да потрошат меѓу 40 и 50 милиони евра за да го доведат Мармуш.