Брза Помош во судот, го прегледуваат Боки 13

156

Во Кривичниот суд предмалку стигна екипа на Брза Помош, која во судница го прегледува обвинетиот Бојан Јовановски.

Тој,  пренесува Фокус се жалеше дека не е во состојба да го следи денешното рочиште, по што судијката Васка Николовска Масевска повика лекарска екипа.

-Јовановски апсолутно не е во состојба да го прати денешното судско рочиште. Не контактибилен. Единствено ме извести дрка трпи ужасни болки во пределот на стомакот и му се дадени огромен број на седативи за спречување на болки. Да се изврши конзилијарно мислење и да не се посегнува по кршење на човековите права. Ве молам да го имате во предвид фактот дека обвинетиот не е во состојба да го прати рочиштето, рече адвокатот Сашо Дуковски.

По прегледот ќе биде познато дали Јовановски ќе може да присуствува на рочиштето.