Анџелина Џоли уште пред десетина години му забрани на својот сега веќе бивш партнер Бред Пит да снимаљубовни сцени со други актерки освен со неа. Но тоа не е се. Познатиот заводник за време на бракот не смеел да има ниедна пријателка која не била одобрена од неговата избраничка.

Сега, иако веќе не се во брак, Џоли не попушта со забраните. Бидејќи веќе не може да му диктира со кого ќе се дружи и излегува, Анџелина мерките го спроведува преку се уште малолетните деца.

Се зборува дека Бред изолацијата ја минува со колешката Алија Шокат и дека наводно Бред ја запознал со ќерка му Шајло. Но, откако Анџелина дознала решила да преземе мерки.

Овој пат побарала од бившиот сопруг заедничките деца да бидат понастрана од неговите нови пријателки и љубовници.