Бредли Бил оваа сезона игра одлична кошарка, но неговите соиграчи од Вашингтон не го следат. По 47 поени на мечот против Њу Орлеанс, Бил изрази големо незадоволство.

  • Тешко е. Нема да седам тука и да бидам наивен. Сакам да победувам, затоа и останав. Мислев дека ова е местото каде што можам да го сторам тоа. Имавме многу повреди минатата година, дојде ковид-19. Исто е и оваа сезона. Нема навивачи, нема тренинзи, ништо. Тешко е, истакна Бил.

Оваа сезона Бил имаше просек од 25.4 поени по натпревар, но неговиот тим има само три победи од 14 натпревари.