Брегу: Економиите на Западен Балкан значајно погодени од Ковид-19

44

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу оцени дека влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз економиите на Западен Балкан било значајно.

Јасно е дека кризата влијаела врз сите економски субјекти на пазарот, врз работниците, деловните субјекти и владите. Никој не се чувствува пријатно. Пред нас е се уште долг пат. Огромните трошоци од повеќемесечните прекини на економските дејности со тек на време ќе бидат уште поголеми, истакна Брегу.

Таа во авторски текст нагласува дека карантинот овозможил неизбежен пораст на невработеност во целиот регион.

Извор:МИА