Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, покажа интерес за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Алекс Сандро. Челниците на „црвените ѓаволи“ се заинтересирани и за услугите на неговиот тимски колега, Даглас Коста и во следните неколку дена ќе испратат официјални понуди за двајцата фудбалери. Според италијанските медиуми, Бразилците се проценети на вкупно 100 мил. евра.