Бразилскиот претседател Болсонаро итно префрлен во болница, најверојатно поради интестинална опструкција

189

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро рано утринава итно бил пренесен во болница во Сао Паоло, најверојатно поради повторена интестинална опструкција, објавија бразилските медиуми, вклучително и ТВ Глобо.

Шеесет и шестгодишниот Болсонаро го прекина одморот на југот на земјата.

Од обидот за убиство со нож во средината на изборната кампања во 2018 година, Болсонаро имаше повеќе стомачни операции поради опструкција на дебелото црево и беше лекуван во приватната болница Вила Нова Стар, каде што беше повторно примен денеска.

Во јули минатата година, претседателот, кој е на функцијата од 2019 година, помина четири дена во болницата „Вила Нови Стар“ во Сао Паоло, каде што беше префрлен по итен прием во болница во Бразил поради силни болки во стомакот.

Од нападот со нож во 2018 година, Болсонаро имаше четири абдоминални операции.