Бразилецот е најлошата аквизиција на Гвардиола за сите времиња

332
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Пеп Гвардиола имаше неколку лоши проценки во својата тренерска кариера, но се чини дека летово се надмина себеси. За време на летниот преоден рок само двајца играчи пристигнаа на „Етихад“, едниот беше веќе докажано име – Илкај Гундоган.

Сите знаеја што може да направи репрезентативецот на Германија, а потоа како замена за Ријад Марез пристигна фудбалерот на Троа кој настапуваше како позајмен играч во дресот на Џирона – Савио.

Ова лето Савио реши да го смени името во Савињо, но тоа досега не му донесе ништо добро.

За жал, бразилскиот интернационалец во изминатите неколку недели е предмет на потсмев на социјалните мрежи, особено на Твитер. Причината е неговата навистина неверојатно лоша статистика што ја има во актуелната сезона.

Савињо одигра 21 натпревар оваа сезона и се уште нема постигнато гол, а освен него, ниту Фил Фоден не постигна гол.

Од друга страна, Савињо е без гол, но „за утеха“ имаше пет асистенции во досегашниот дел од сезоната.

Крилниот напаѓач кариерата ја започна во редовите на бразилскиот Атлетико Минеиро. Оттаму во летото 2022 година го облече дресот на францускиот клуб Троа кој одвои 6.5 милиони евра за неговото обештетување.

Потоа следуваа две позајмици, прво на ПСВ, а една година подоцна и на Џирона.

Добрите настапи во дресот на шпанскиот прволигаш му го препорачаа на Пеп Гвардиола кој одлучи дека ќе биде еден од ретките што ќе дојде на „Итихад“ изминатото лето.

Манчестер Сити плати 25 милиони евра, но засега изгледа како „потрошени“ пари.