БП откри милијарда барели сурова нафта во Мексиканскиот Залив

52

Инвестирањето во технологијата na новата генерациска особено се исплатеше за нафтената компанија БП. Британскиот енергетски гигант откри нови милијарда барели сурова нафта на постојното нафтено поле во Мексиканскиот Залив. Компанијата најави две нови наоѓалишта, како и огромна инвестиција во блиското нафтено поле.

БП е најголемиот производител на нафта во Мексиканскиот Залив и настојува да ја задржи таа титула.

БП сега очекува производството на ова фосилно гориво од регионот да достигне 400.000 барели нафта дневно до средината на следната деценија. Во моментов, производството е 300.000, а пред пет години тоа изнесуваше 200.000.

Компанијата објави дека ќе инвестира 1,3 милијарди долари во третата фаза од развојот на нафтеното поле Атлантис на брегот на Њу Орлеанс. Почетокот на производството е закажан за 2020 година и ќе донесе 38.000 барели. Одлуката за проширување дојде откако БП пронајде уште 400 милиони барели нафта во оваа област.

Исто така, БП откри огромно наоѓалиште од милијарда барели нафта во Луизијана.