Германското обвинителство поднесе обвинение против Мирнеза С., која е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од германска компанија за трансфер на пари. Германските медиуми открија дека во обвинението пишува дека соучесници и помогнале да го организира нејзиното бегство по кражбата, информација што досега јавноста не ја знаеше.
Истовремено, покренато е обвинение против неименувана соучесничка која наскоро заедно со неа ќе се појави на суд, пренесува Билд.
Обвинителството сега верува дека маж (29) ја чекал Мирнеса – Мики во возилото со кое избегале по грабежот. Тој се уште не е фатен. Сепак, пронајдено е лице за кое се верува дека го организирало грабежот вреден милион долари.
Обвинителот Ањело Амбрзио изјави дека осомничениот бил уапсен во март на територијата на Германија и дека, како и Мирнеса С., се наоѓа во истражен затвор.
Тој е обвинет дека „го организирал бегството на своите соучесници“.
Датумот на рочиштето во регионалниот суд во Штутгарт се уште не е одреден. Инспекторите се уште трагаат по украдените пари.
„Сè уште не е утврдено каде се парите“, изјави обвинителот Амброцио.
Да потсетиме Мирнеса, која е позната и по прекарот Мики, решила да и се предаде на полицијата кога сфатила дека кругот околу неа се стега. Таа преку својот адвокат ги известила Германците дека сака да се предаде, па веднаш по слетувањето на аеродромот во Штутгарт била уапсена. Таа во октомври минатата година украла милион евра готовина од фирмата во која работела, а потоа исчезнала без трага. Според некои информации, таа го планирала грабежот во стан кој се наоѓа на само 200 метри од полициската станица.