Борусија Дортмунд има најверни навивачи, oбјави „Газета дело Спорт“, по истражување на посетеноста на стадионите во Европа.

Германскиот клуб во просек на „Вестфален“ стадионот го гледале 81 илјада навивачи, што е речиси целиот стадион, ако се земе предвид податокот дека истиот може да прими 81 илјада и 365 гледачи.

Второто место, според верноста на нивните навивачи на трибините, го делат германскиот и шпанскиот шампион, односно Баерн Минхен и Барселона, за кои навивале 75 илјади гледачи, а на четвртото место се наоѓа Манчестер Јунајтед со 74 илјади навивачи на „Олд трафорд“.

Освен индексот за мерење на верноста на навивачите, направено е и истражување за покриеноста на стадионите, која во Англија и Германија изнесува од 93 до 95 отсто, а во Италија само 54 отсто.