Борис Денич кандидат за селектор на  Македонија  

122
of Slovenia in action during eight-final match Slovenia-Macedonia at Qatar 2015 World Handball championships in Al Saad Sport Arena, Doha on January 25, 2015

Македонската ракометна репрезентациа остана без селектор по катастрофалниот настап на Светското првенство во Данска и Германија, минатиот месец. Селекторот Раул Гонзалез, по освоеното 15. место си поднесе оставка која беше прифатена од челниците на Ракометната Федерација на Македонија.  Но, многу брзо ќе треба назаначат нов кормилар, бидејќи во април месец „црвено – жолтите“ ќе играат два квалификациски натпревари против селекцијата на Исланд.  „Рибарите“ се незгоден противник, а тоа го покажаа во последното коло од групаната фаза на СП каде не победија и воедно елиминираа од пласманот во главната рунда.

Според пишувањето на порталот „екипа. мк“ поранешниот словенечки селектор, Борис Денич, е еден од кандидатите за нов селектор на репрезентацијата.  Челниците на РФМ уште при разделбата со „ел команданте“ најавија дека нема да брзаат со изборот, а одлуката  треба да се очеекува до крајот на овој месец.

Денич (51) е искусен стратег  кој преку својот агент се распрашувал за можноста да седне на клупата на Македонија. Тој ја предводеше Словенија на СП во Катар кога во осминафиналето  славеше токму над Македонија. Денич беше дел и од последниот ракометен Мундијал во Германија и Данска, на кој ја предводеше селекцијата на Саудиска Арабија

Ракометната Федерација на Македонија денеска ќе го одржи редовното Годишно Собрание, а се очекува од наредната седмица да се интензивираат преговорите со кандидатите за селекторската функција. Освен Денич се шпекулира дека во игра се и Роберто Парондо од Вардар и Данило Брестовац од Металург, кои би биле сериозни кандидати доколку РФМ повторно се реши за стратег кој истовремено има и клупски ангажман во нашата земја.