Борисов му испратил џип на Заев да се врати во Скопје

223

Премиерот Зоран Заев е на пат кон Скопје со џип што му го испратил бугарскиот премиер Бојко Борисов, дознаваме од извори во нашата делегација што беше на самитот во Давос. Според информациите, членовите на македонската делегација се враќаат во земјава со три џипа и со придружба што им ја испратил Борисов, со оглед на лошите услови на патот од Софија до Скопје поради невремето.

Авинот со кој Заев и другите членови на македонската делегација се враќаа од Давос попладнево не успеа да слета на скопскиот аеродром, поради снегот и лошите временски услови, туку беше пренасочен кон аеродромот во Софија.