Борел: ЕУ ќе застане на страна на БиХ поради поплавите, ќе пружиме помош

273

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ денеска изјави дека ЕУ ќе застане на страна на БиХ поради поплавите што ја погодија таа земја и дека ќе пружи помош.

Борељ на платформата Х напиша дека веќе има жртви и исчезнати во „катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина“.

„ЕУ стои во солидарност со БиХ и дава поддршка во итни ситуации. Подготвени сме да помогнеме преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ“, напиша тој.

Поројни поплави погодија неколку делови на Босна и Херцеговина, каде во областа Јабланица загинаа најмалку 20 лица, а голем дел од нив исчезнаа или останаа без покрив над главата, пренесува Танјуг.