Доделувањето азил во Европската унија на бегалците од Авганистан ќе го вршат индивидуално земјите од заедницата, на доброволна основа и без задолжителни квоти, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес – конференција во рамките на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Љубљана.

– Евакуацијата од Авганистан се уште им е потребна на луѓето кои се изложени на ризик, луѓе кои работат со нас и кои помогнаа во демократизацијата на Авганистан, рече Борел.

Тој додаде дека земјите -членки на ЕУ ќе донесуваат одлуки на доброволна основа за одредени луѓе кои се во ризик и кои се подготвени да дадат азил.