Бонучи побегна од Јуве, но прво го закачи Алегри на врата

70
epa10634842 Juventus' head coach Massimiliano Allegri attends a presser at Sanchez Pizjuan stadium in Seville, southern Spain, 17 May 2023. Juventus FC face Sevilla FC in their UEFA Europa League semi final second leg soccer match on 18 May in Seville. EPA-EFE/Julio Munoz

Леонардо Бонучи е еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња. Кариерата минатата сезона ја заврши во Фенербахче, а најдобриот фудбал два мандати го играше во дресот на најтрофејниот италијански клуб, Јувентус. Првиот мандат траеше од 2010 до летото 2017 година, по што поради голема расправија со тренерот Масимилијано Алегри замина во редовите на лутиот ривал Милан.

Таму веднаш стана капитен, но по неуспешната сезона се врати во Јувентус во 2018 година, каде остана до летото 2023 година. Во интервју за „Prime Video“, поранешниот репрезентативец на Италија се присети што се случило меѓу Алегри и него пред седум години.

„Му предложив да го извади Маркизио на еден натпревар, кој се врати од повредата на вкрстените лигаменти. Тој беше мртов на теренот, а по пет минути Алегри го замени Стураро со Ринкон и ми рече да молчам, но не со тие зборови, со повулгарни. Потоа ми кажа дека треба да размислувам само како да бидам играч и додаде дека сум кретен. На крајот од натпреварот го закачив Алегри на вратата од соблекувалната, а потоа не разделија“, откри Бонучи.

Во текот на својата богата кариера Бонучи играше и за Витербезе, Интер, Тревизо, Пиза, Џенова, Бари и Унион Берлин. За италијанската репрезентација има постигнато осум гола на 121 настап, а пред три лета беше европски шампион и го постигна израмнувачкиот погодок во финалниот дуел против Англија. Тој беше познат по својата одлична техника и партнерство со Џорџо Киелини, Андреа Барзаљи и Џанлуиџи Буфон, а со Јувентус освои осум шампионски титули во Серија А.