Лондонскиот премиерлигаш Челзи со големо внимание ја следи ситуацијата околу нигерискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баер од Леверкузен, Виктор Бонифејс. Челниците на лондонските „сини“ се убедени дека двата клуба ќе седнат на преговарачката маса на крајот од сезоната доколку официјалната понуда за обештетувањето не биде помала од 50 мил. евра.