Бебе си тера по свое, па со задоволство ајварот го мачка на леб и го нарекува „албански специјалитет кој сите го сакаат“ а, „кој оди добро кога се јаде со јајца“!
Американската пејачка со албанско потекло Бебе Реџа, која е родена во Њујорк, деновиве на светот му се пофали како ужива додека се слади со ајварот, за кој вели дека е албански специјалитет. Со тоа предизвика бурни реакции во македонската дијаспора!
Македонците културно ја замолуваат да не го присвојува ова традиционално вековно македонско јадење, особено што самата таа е со корени од македонскиот крај во кој ајварот е по некое непишано правило секојдневно јадење во зимските месеци најмногу кај Македонците и кое како такво поодамна се извезува во целиот свет. Но таа на тоа ништо не им одговара. Си тера по свое, па со задоволство ајварот го мачка на леб и го нарекува „албански специјалитет кој сите го сакаат“ а, „кој оди добро кога се јаде со јајца“.
–
Бебе стана славна по една песна со Ники Минаж. Го напиша и еден од најголемите хитови на Ријана, песната „Монструм“, која пејачката ја изведе со Еминем, а има напишано песни за многу други големи ѕвезди, вклучувајќи го и Дејвид Гета.
Нејзиниот татко емигрирал во САД од македонски Дебар кога имал 21 година, а нејзината мајка Букурија Реџа е исто така по потекло од Гостивар, но родена е во Америка.
На албански јазик, нејзиното вистинско име Блета значи „пчела“, а Бебе е нејзиниот естраден прекар. Д.М. foto:Instagram-FB-Youtube
.