Неодамна се одржа премиерата на филмот „Рѓа“ (Rust) на чиј сет Алек Болдвин ја уби снимателката Галина Хачинс. Алек не присуствуваше на премиерата. Актерот, кој е и ѕвезда на филмот, изјави дека не ја гледал финалната верзија на филмот и не планира да ја гледа.
Иако не го гледал филмот, сакал да биде објавен за да им ги врати парите на инвеститорите. Тој исто така изјави дека се надева дека сопругот на Галина, Мет Хачинс, ќе може да профитира од филмот.
„Не сум ја гледал финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, да им се вратат парите на инвеститорите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да бидат оставени на цедило. Се надевам дека филмот ќе помине добро и Мет ќе ја добие својата вредност. Склучивме договор со него и сакаме да го испочитуваме. Луѓето кои велат дека профитираме од филмот, тоа е апсолутно погрешно“, изјави Алек.
Болдвин нагласи колку е тешка целата ситуација за него и неговото семејство, поради што нема да го гледа филмот.
„Ова е очигледно најтешкото нешто со кое сум се соочил во мојот живот. Покрај самите жртви, најмногу ме боли тоа што и беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме да си дадеме поттик и да се оддалечиме од овие работи бидејќи филмот засекогаш ќе биде засенет од тоа“, рече тој.
Инаку, сопругата на Алек, Хиларија, беше нападната од луѓе на интернет откако Алек ја уби снимателката.