Трагична вест доаѓа од Лос Анџелес, каде што починал професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг, на 31-годишна возраст, откако бил застрелан. Toj се здобил со седум прострелни рани во горниот дел од телото додека стоел пред автомобилот, со својата девојка.
Напаѓачите пукале од друго возило, боксерот се обидел да побегне кон својата куќа, но осомничените излегле од автомобилот и продолжиле да пукаат во него. Бирдсонг бил прогласена за мртов во болница, а мотивите за нападот сè уште не се познати.
Се шпекулира дека бил поврзан со озлогласена банда од централен Лос Анџелес, но полицијата не ја потврди оваа информација.