Бојан Јовановски, алијас Боки 13, обвинет во случајот Рекет  и денеска денот го помина на Интензивна нега во Градската болница “8 ми Септември” во Скопје.

-Јовановски и денеска  не е вратен во истражниот затвор во Шутка, се уште се наоѓа во болницата “8 ми Септември” каде се вршат потребните испитувања, вели за весникот ВЕЧЕР, директорот на затворот Шутка, Есад Рахиќ.

Според него, не се очекува Јовановски денеска да биде вратен во притворот, а не се очекува тоа да биде ниту во наредните денови. “Веројатно ќе остане во болница подолго, но не можам со сигурност тоа да го тврдам”, вели Рахиќ за ВЕЧЕР.

Боки 13, од завчера, по барање на затворскиот лекар, а со одобрение на Кривичниот суд  е префрлен во болница.