Британската компанија за контиторски производи „Марс“ од своето пакување со божиќен микс го исфрла популарното чоколатце бауни, пишува Би-Би-Си.
Со истражувањето на пазарот во Велика Британија дошле до резултати дека 40 отсто од луѓето го мразат чоколатцето полнето со кокос.
Истражувањто го започнале по минатогодишните акции во Велика Британија по што поттикнати од податоците кои веќе ги имале, на купувачите на пакувањата со мешани чоколатца им порачале дека можат да ги вратат чоклатцата баунти ако не ги сакаат. Куп од тие чоклатца навистина биле вратени, а само 18 отсто од купувачите кажале дека ги сакаат и повеќето од нив се постари од 55 години.
Марс сега треба да одлучќи дали ќе продолжи да ги произведува баунти чоклатцата во Велика Британија. Во Америка не се продаваат веќе одреден период, а трговскиот синџир Теско ќе пуши пробна серија божиќни пакувања со чоколатца под назив Без баунти. Ограничената серија мешани божиќни чоколатца ќе содржи марс, сникер, мили веј, галакси и малтесерс.
„Минатата година на купувачите им дадовме можност да ги вратат несаканите баунти чоколатца. Сега, по реакцијат на јавноста, се обидуваме целосно да ги исфрлиме“, изјави менаџерката на компанијата Емили Овен.