Боже, беше многу непријатно!

167

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на грен слем турнирот Ролан Гарос, откако во три сета го победи Русинот Карен Хачанов со 6:4, 6:3, 6:3. Во четвртфиналето Србинот ќе ги одмери силите со Шпанецот Карењо Буста.

Но освен брзиот триумф над Русинот, овој меч го одбележа и повторното мавање со топче на линискиот судија од страна на српскиот тенисер. За среќа, овој пат немаше никаква дилема дека имал намера или пак дека ги прекршил правилата.

Сепак, Новак призна дека ми било многу непријатно, бидејќи сеќавањата од САД Опен кога беше дисквалификуван се уште се свежи.

-Дали вашето срце за момент ви беше во петите кога се случи тоа? , гласеше прашањето на еден од новинарите по мечот.

-О Боже, беше многу непријатно. Се обидов да го најдам судијата и по мечот и да видам дали е добро, бидејќи видов дека има модинка на местото каде што го погоди топчето. Се надевам дека е добро. Дефинитивно беше многу храбар, но го погодив зашто бев многу близу до него во времето на ударот, објасни Новак.

Нормално, на многумина, па и на самиот Новак за момент пред очи му беше случајот од САД Опен.

-Да, очигледно заради она што се случи во Њујорк, луѓето ќе зборуваат за тоа. Тоа ми се случи и мене и на многу други играчи во последните 15 години колку што сум на турнирите. Многу вакви случаи имам видено кока топчето ќе скршне од рекетот и ќе удри некого на трибините или некои од линиските судии. Да, очигледно беше непријатна ситуација, заврши Србинот.