На швајцарскиот боб-возач Сандро Мишел му е извршена итна операција на колкот и на бутната коска откако беше прегазен од сопствениот боб кога се преврте на тренингот на Светското првенство во Алтенберг.
Швајцарската федерација за боб се огласи со соопштение во кое се наведува дека Мишел е пренесен во болница, со хеликоптер и во стабилна состојба, поради повредите. Покрај повредите на колкот и на бутовите, тој се здоби и со повреди на градниот кош. Итно беше опериран во Универзитетската болница во Дрезден.
Според Федерацијата, тој се повредил кога се превртел бобот со четворосед, испаѓајќи од него. Потоа бобот го прегазил. Исто така, се повреди и пилотот Мишел Фогт, кој се здоби со потрес на мозокот.