Интернационалецот од Гана, Кевин-Принс Боатенг, и официјално беше претставен како најнова зимска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона.
Актуелниот шампион на Шпанија потврди дека ги има осигурано услугите на 31-годишниот играч за врска кој пристигна како позајмен играч од редовите на италијанскиот калчолигаш Сасуоло.
Барса ќе плати 2 мил. евра за позајмицата, а договорот ќе биде откупен на крајот од сезоната за околу 8 мил. евра. Официјалното деби, поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, ќе го има за време на првенствениот дуел против екипата на Џирона.