Блокотехна се засили за Купот

55

Во пресрет на завршниот викенд од Купот на Македонија, кошаркарскиот клуб на Блокотехна доведе уште едно засилување во своите редови. Амбициозниот клуб од Гевгелија силно посакува да го освои овој трофејот пред својата публика и за таа цел, раководството на клубот го договори искусниот српски интернационалец, Божо Џумиќ (27).

Србинот треба да одработи неколку тренинзи во пресрет на четвртфиналниот дуел на Блокотехна против Охрид и да му се станви на располагање на тренерот Марјан Илиевски. Џумиќ зад себе има големо интернационално искуство, своевремено настапуваше во АБА лигата за тимот на ФМП, додека една сезона беше дел и од српскиот гигант Партизан. Во Блокотехна пристигнува од словенечкиот тим на Хелиос.