Блинкен пристигна во Лаос на средба со кинескиот министер за надворешни работи

53

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска допатува во Лаос на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), а на маргините на средбата ќе се сретне и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Посетата е дел од азиската турнеја чија цел е зајакнување на американските врски со регионот, а Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипини, Сингапур и Монголија, пренесува АП.

„Разговорите се насочени кон натамошно продлабочување на врските меѓу САД и АСЕАН на основа без преседан“, соопшти Стејт департментот непосредно пред Блинкен да пристигне во Виентиан.