Блинкен нема да се сретне со Лавров во Скопје

255

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен вечерва пристигна во Скопје каде беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски, и со министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.

Блинкен ќе присуствува на работната вечера што се организира на маргините на Самитот на ОБСЕ, којшто започнува на 30 ноември, а според дипломатски извори, средба помеѓу Блинкен и Лавров нема да се оствари бидејќи, по вечерата, тој си заминува од Македонија, додека шефот на руската дипломатија ќе пристигне подоцна вечерва во Скопје.