Блејк Лајвли е „подвижна златара“: Од накит – носи „само“ 470.000 долари

174
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Суперболот ја привлече и холивудската ѕвезда Блејк Лајвли. Таа уживаше на трибините на стадионот во Лас Вегас, а друштво и правеше пејачката Тејлор Свифт.

Камерите едвај се мрднаа од нивната ВИП ложа, а гледачите имаа што да видат.

Порталот Page Six анализираше каков накит носела Блејк.

Иако се појави во лежерно издание, немаше што нема од накит на себе.

Верувале или не, накитот наводно вреди 470.000 долари.

Таа носеше нараквици и ѓердани, златни и сребрени парчиња…

Не ги заборавила ниту обетките од платина со дијамант, а педантните новинари забележале дури 14 алки.