Фантастично трио: алкохолен оцет, лимон и сода бикарбона е сè што ви треба за да блесне вашата бања, особено кога станува збор за отстранување на тврдокорниот бигор. Иако знаеме дека каменецот не е толку лесен за отстранување, овие трикови ќе ви помогнат лесно да се ослободите од него
Бигорот е вистински кошмар со кој редовно се соочуваме и покрај постојаното чистење. Најчестите места каде се создава се чешми, плочки и тоалетни школки или места кои постојано се изложени на вода, а воедно дамките од него можат да бидат грда глетка ако редовно се бориме со нив. Најчестиот проблем во бањата е таложење на бигорот, но отстранувањето на овие тврдокорни наслаги не мора да претставуваат притисок, затоа што можеме многу лесно да се ослободиме од него, со природни средства што веќе ги имате во вашиот дом.
Чешми. Зглобот на чешмата и навоите со кои филтрите се споени со керамиката се најпроблематичните делови на славините на кои се задржува бигорот. Керамиката околу нив и зглобот на славината најдобро е да се замотаат со вата која е натопена во оцет и да се остави некое време тој да делува.
Туш. Главата на тушот ставете ја во пластична кеса во која има раствор од алкохолен оцет и вода и врзете ја вреќата и оставете ја да стои неколку часа или цела ноќ. Исто така можете наслагите од бигорот да ги испрскате со раствор од алкохолен оцет и почекајте неколку минути пред да ја избришете површината.
Плочки. Најлесен начин да се растворат наслагите од бигорот е да се натопи хартиена крпа или памучна вата во оцет. Ставете ги на плочките и оставете ги да делува најмалку еден час. Кога ќе почнат да се сушат, треба да додадете повеќе оцет. Природно абразивно средство ќе добиете користејќи сода бикарбона. Потоа добро истријте ги плочките. Оцетната киселина освен што е добра за отстранување на бигорот, таа е одлично средство за дезинфекција, па можете да бидете сигурни дека потоа плочките ќе ви бидат навистина чисти.
Када. Истиот трик можете да го користите со оцет и хартиена крпа за да го отстраните бигорот од кадата. После еден час, исплакнете со вода. Ако сакате да си дозволите кадата темелно да се исполира, побарајте сол и грејпфрут во кујната. Исечете го грејпфрутот на половина и посипете ја внатрешноста со сол. Навлажнете ја кадата со вода, истурете повеќе сол во неа и започнете со чистење користејќи го грејпфрутот како сунѓер. Откако добро ќе истриете, исплакнете со вода и избришете ја со сува крпа.
Тоалетна школка. По должината на внатрешниот раб на школката и во делот што е најблизу до отворот на водата од казанчето, каде што е задржан најголемиот дел од бигорот, ставете памукче натопено во оцет и оставете го да си го направи своето. Можете исто така да додадете оцет во школката и оставете да стои неколку часа. Потоа истурете сода бикарбона, што ќе предизвика пенење и добро исчеткајте ја внатрешноста на школката за да ги отстраните преостанатите наслаги и пуштете вода.
Машина за алишта. Овој процес не може да биде полесен затоа што треба да истурите најмалку две чаши оцет и да вклучите која било од програмите за перење. Сепак, ќе треба рачно да ги чистите надворешните рабови и делови. Направете раствор од оцет и вода и фатете се за работа. Оцетот исто така ќе го реши проблемот со застоената миризба.
Подготви: М.А.