БиХ занемена од невидена трагедија:Семејство изврши колективно убиство

642

Невидена трагедија се случи во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди.

Иако синоќа сите медиуми во БиХ објавија дека маж најверојатно ги убил мајка си и сестра си, а потоа и себеси, во село во близина на Босански Нови, ова е само делумно точна информација. Имено, како што е соопштено денеска, а тоа го потврдија и полициски извори, тричлено семејство од Босна и Херцеговина извршило колективно самоубиство. Тие биле поттикнати од тага поради смртта на нивната 34-годишна внука или ќерка која имала леукемија.

Извештајот на очевидците откри дека маж со огнено оружје убил две жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница.

Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец или самоубиец е синот на иницијалите Ж.З.

Како што јави Алтернативната телевизија на Бања Лука (ATV), истражителите во куќата пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и пријатели, од кои се чини дека тројцата решиле да го направат овој чин откако тешко болната внука или ќерка на Љ.К починала во мај.

„Во писмата наведуваат кој ќе ги закопа и каде… Оставија банкарски картички со писмата, и напишаа насоки за да може да се подигнат пари за погребни трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата.

Три дена пред да си ги одземат животите, нарачале и три ковчези во кои ќе ги закопаат.

Се претпоставува дека пред убиството и самоубиството сите тројца вечерале, пиеле ракија, се истуширале и се пресоблекле, ја заклучиле вратата, а од бравата го извадиле клучот за подоцна да може да се влезе во куќата.

Тој вели дека оставиле 200 конвертибилни марки во плик и во дописот навеле дека овие пари се наменети за набавка на цвеќе што треба да се однесе на гробот на починатата 34-годишна жена, на точно одреден датум. Едно од писмата било упатено до нејзиното момче.

„Детално опишаа што ќе си направат и како… Дури напишаа дека ќе се напијат ракија непосредно пред трагичниот чин, а во текот на истрагата на масата биле пронајдени шише ракија и три чаши. . „Претходно се истуширале се пресоблекле во чиста облека… Потоа си легнале и го извршиле чинот”,  објаснува извор од истрагата.