БИТИЌИ: Ќе увезуваме работници за да останат конкуренти домашните компании!

110

Привлекување работници од странство или доквалификација на домашните работници треба да се прави за да не се влоши состојбата со недостиг на работен кадар. Ова, според вицепремиерот Фатмир Битиќи, треба да се прави за македонското стопанство да биде конкурентно поради новата ера на индустријализација.

– Не можеме да ги оставиме нашите стопанственици да останат неконкурентни. Кога другите земји во регионот па и во Европска Унија го прават истото, во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна па и Косово веќе има работна сила којашто доаѓа од регионот или од далечните региони, затоа што компаниите мора да забрзаат во креирање на својата конкурентност и нормално зафаќање на новите пазари – истакна Битиќи.

Ако ова не го направиме за две до три години, според него, состојбата ќе биде уште состојбата потешка затоа што доста од компаниите ќе треба да затворат затоа што не можат едноставно да издржи.

– Евентуалниот увоз значи либерализирање на пазарот на труд и тој овозможува да се зголеми конкурентноста на нашите компании за да креираат нови работни места, а секако нашите граѓани секогаш ќе бидат на првенствено место. Но заедно со нив треба да работиме на нивна доквалификација – истакна Битиќи.

Вицепремиерот потенцира дека Македонија има проблеми со обучени кадри кои во моментот недостасуваат во нашата држава. – 57 отсто од невработените регистрирани како активни баратели на работа се со незавршено или со основно образование. Над 17 проценти се со незавршено или завршено средно образование, тоа не носи до речиси 75 насто од активните баратели на работна сила кои имаат до средно образование. Со нив треба да работиме на реквалификација или и доквалификација за одредени работни места – рече Битиќи и потсети дека на крајот на 2022 година се исплатени рекордни 23 милиони евра државна поддршка на 410 компании.