Бисера Велетанлиќ eксјугословенската музичка ѕвезда на 17-ти ноември во “Македонската филхармонија“

32

Белграѓанката Бисера Велетанлиќ (наку сестра на Сенка Велетанлиќ и балдаза на нашиот Зафир Хаџиманов) е една од топ-десет некогашни големи југословенки пејачки на забавната, поп-шлагерска, градската шансона и џез музика.                                  По подолга пауза таа во Скопје ќе направи гала-концерт во “Македонската филхармонија“ (на 17-ти ноември) со сите нејзини најголеми хитови, незаборавни песни кои ги пееше во текот на долгогодишна богата кариера.

Публиката ќе има можност да ужива и со Бисера од нејзиното бисерно грло да ги запее песни-бисери: “Ти си човек мој“, “Адио, љубави адио“, македонската “Мерак песна“, “Једно лето касно“, “Бај, бај, бај“, “Никад више мило моје“, “Буди добар према мени“ и секако кај луѓето некако најомилената “Златни дан“.

Организаторите “Авалон продукција“ порачуваат дека тоа ќе биде малку поинаков концерт во придружба на уникатниот Васил Хаџиманов (внукот на Бисера) и “Хаџиманов бенд“. -Јасно е дека оваа есен и зима во Македонија ќе има навистина секакви концерти. За секого по нешто. Сепак, еден ќе се одвои! Тоа е овој со Бисера, уверуваат “Авалонците“.

Така што ќе се одржи само овој еден, ексклузивно-уникатен концерт со вечната Бисера. И нејзиниот внук Васил.

Д.М.