Бил Гејтс повторно предупредува: „Светот сè уште не го доживеал најлошото“

1761

Милијардерот Бил Гејтс предупреди дека уште постои „многу поголема веројатност од пет проценти“ дека светот сè уште не го доживеал најлошото во пандемијата на коронавирусот.

Гејтс објасни дека не сака да звучи „драматично“, но верува дека постои ризик да се создаде многу попренослива и пофатална варијанта на вирусот, пренесува Daily Mail.

Ова не е првпат Гејтс да предупредува за опасностите од можни пандемии – во декември минатата година тој им порача на своите следбеници на Твитер да се подготват за најлошиот дел од пандемијата, а уште во 2015 година изјави дека светот не е подготвен за нова пандемија.

„Сè уште постои ризик пандемијата да создаде нова варијанта која би можела да биде позаразна и смртоносна. Тој ризик не е голем, но е многу поголем од 5 проценти“, изјави тој за Фајненшл Тајмс.

Од март 2020 година во светот од корона вирус починале околу 6,2 милиони луѓе.