Развојот на вештачката интелигенција ќе го олесни животот на секој човек, изјави основачот на Мајкрософт Бил Гејтс во интервју за Си-Ен-Ен, на Светскиот економски форум (WEF) во Давос.
Гејтс верува дека потрошувачите лесно ќе пристапат до вештачката интелигенција, преку телефон или компјутер поврзан на интернет и дека на многумина ќе им олесни да ги извршуваат работите што не ги сакаат, особено посочувајќи ја како пример „документацијата“ што лекарите сега треба да се подготват.
Тој изјави дека подобрувањата што ги носи генеративниот систем за вештачка интелигенција Chat GPT-4 (ChatGPT-4) се извонредни, бидејќи овој четбот сега може „да биде учител, да дава здравствени совети, да помогне во пишувањето кодови“…
Гејтс особено ги истакна придобивките од користењето на вештачката интелигенција во областа на образованието и здравството. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа недела објави многу помрачна прогноза во однос на употребата на вештачката интелигенција бидејќи верува дека новата технологија ќе ги зголеми постоечките нееднаквости меѓу богатите и посиромашните земји во светот.
Од друга страна, извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела изјави дека се појавува глобален консензус во однос на развојот на вештачката интелигенција.
Надела не е сигурен дали е можно создавање глобална агенција за регулирање на вештачката интелигенција, но тој истакна дека различни земји зборуваат на ист начин за заштитните мерки за вештачката интелигенција.