Германскиот ракометен шампион Кил му го продолжи договорот на најдобриот австриски ракометар Никола Билик. Оригиналниот договор важеше до крајот на актуелната сезона, а според новиот, 25-годишниот дефанзивец ќе го носи црно-белиот дрес до летото 2024 година.
– Пресреќен сум што го продолжив остварувањето на мојот детски сон. Се надевам дека ќе придонесам за успехот на Кил во наредните години – изјави Австриецот со украински корени.
За шест години во Кил, Билик освои две шампионски титули, еден Куп, една Лига на шампиони и еден Куп на ЕХФ. На почетокот на сезоната тој се врати на теренот по речиси една година пауза поради проблем со повреда на коленото.