БИЗАРНО:Во Босна се продаваат “туристички аранжмани” за погребот на Шаулиќ

95

До каде може да оди човечкиот мозок, до кои незамисливи бесконечности, па дури и кога жалните настани се во прашање, може да се види деновиве и во врска со смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ. Станува збор за еден бизарен, но и мизерен начин да се заработи на несреќата на семејството на кралот на фолк музиката. Со оглед на тоа дека неговиот погреб ќе биде сигурно во понеделник (поради процедурите во Германија) некој си Босанец за одење на погребот на Шаулиќ во Белград организира превоз, кој сака добро да го наплати, a со тоа и да заработи.

Дури и се пофалил на социјалните мрежи објавувајќи слика со сите детали на овој “туристички аранжман”: цена на превозот е 40 конвертабилни босански марки, а тука е пресметана и цената на појадокот. На крајот во сета таа бизарност се нуди и обиколка на “Куќата на цвеќето” во која почива маршалот на СФРЈ Јосип Броз Тито. Луѓето се навистина во невидено чудо, не можејќи да му се изначудат на умот на овој натрпник, како што го опишуваат во коментарите. – Што да се прави, има секакви “пациенти” поодамна зрели за соодветна дијагноза и соодветно лекување, вели еден од твитерџиите.