Поранешниот шкотски рагбист Грег Оливер почина на 58-годишна возраст, во трагична несреќа. Тој загина во несреќа со параглајдер во Јужна Африка, каде што го гледал својот син Џек како игра за Ирска на Светското првенство во рагби до 20 години.

Имано, параглајдерот со кој летал Оливер и неговиот партнер се судрил со друг параглајдер на небото над Кејптаун. Неговиот пилот успешно го отворил падобранот, но тој не можел да се извлече и паднал на карпи во близина на популарна туристичка зона. Спасувачите го пронашле во вода, се обиделе да го оживеат, но не успеале.

Покојниот Оливер играше за Шкотска на две светски првенства и по пензионирањето водеше академија за играчи и за тренер во Единбург. Потоа, во 2007 година, се пресели во Ирска со своето семејство. Зад себе ги остави сопругата Фиона, синот Џек и ќерката Кјара.