Биди зелен, почитувај ја природата – засадени дрвја во ОУ „Ѓорѓи Пулевски“ во Скопје

32
Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот.

НВО Концепт плус од Скопје го имплементира проектот „Биди зелен“, почитувај ја природата“, чија цел е подигање на свеста за заштита на природата со слоганот „Почитувај ја природата, биди зелен” и во рамките на активностите засади дрвја во ОУ Ѓорѓи Пулевски во Скопје, соопштија од Концепт плус. Како што велат оттаму, овој проект се фокусира на подигнување на свеста за почитување на природата преку подигање на јавната свест кај луѓето за почитување на природата, но грижа за неа преку садење и чување на зеленилото.  

Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот и процут на сите форми на живот на земјата. Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот. Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не почитуваат ја околината. Отпадоците се фрлаат непропорционално, а недостатокот на еколошка свест за заштита

Преку имплементација на нашиот проект за подигање на свеста за заштита и почитување на природата добива уште поголема релевантност и значење. Целта не е само да ги мотивираме младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и да ги образоваме за важноста на оваа тема.

-Садењето на дрвата во училиштата е една од активностите со кои сакаме да помогнеме да се намали загадувањето во Скопје, но и да ги поттикнеме учениците да се грижат за природата. Концепт плус ќе донира дополнително нови дрвја кои ќе бидат засадени во новиот парк кој ќе биде изграден во општина Аеродром, рече Синиша Пекевски од Концепт плус.

Предвидено е проектот да трае до 30 септември 2024 година, но Концепт плус ќе продолжи со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението. Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање.