БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ: Доаѓа постуден период, зимата ќе ни го зададе првиот посериозен удар

87

После подолготрајниот период на натпросечно топло време за месец Октомври, во првата декада од Ноември зимата ќе ни го зададе првиот сериозен нејзин удар. Имено, поради продор на многу поладен воздух од Арктикот према Европа и Балканот, температурите во првата декада од Ноември месец ќе бидат потпросечни, прогнозира Попоски.

Особено студено време ќе имаме наутро кога температурите понекаде ширум Балканот, па и во Македонија ќе се спуштаат и до околу -10 степени. Значително пониски ќе бидат и максималните дневни температури, па така на многу места тие ќе бидат околу, а понекаде и под 10 степени.

Сѐ на сѐ, и порај овој многу ладен воздух кој од Арктикот ќе продре до нашите краеви, сепак ќе имаме многу суво време, што значи дека ќе имаме сув студ, вели метеорологот.