Стравично злосторство било спречено изминатиот викенд во Лос Анџелес, и тоа од страна на легендарниот НФЛ играч Џо Монтана (64), кој ја спасил својата внука од киднапери.
Медиумите во САД го раскажаа овој херојски чин, односно дело што секој би го сторил кога неговото семејство е загрозено. Сè се случило во куќата на Монтана во Малибу, предградие на Лос Анџелес, кога група киднапери се обиделе да ја киднапираат внуката на легендарниот квотербек, со цел веројатно подоцна да побараат повеќемилионски откуп.
Наводно, Монтана и неговата сопруга Џенифер во својот дом виделе непозната жена како ја држи внуката в раце и се упатуваат кон излезната врата каде што ја чекале другите соучесници. Поранешниот најдобар играч во НФЛ, не чекал ни минута, па веднаш се судрил со киднаперите и почнал крвнички да се тепа со нив, а на крајот успеал да го спаси девојчето. Потоа неговата сопруга повикала полиција, која веднаш пристигна на самото место.