На манекенката Џоана Санз пеколно ѝ започна 2023 година и сè уште ѝ трае. Прво мораше да се соочи со загубата на својата мајка ѝ, која почина во јануари, а потоа и со разделба од сопругот, фудбалерот Дани Алвеш, кој замина зад решетки поради силување на девојка во тоалет во Барселона.
Пред неколку дена Џоана Санз реши на социјалните мрежи да одговори на неколку прашања кои ги доби од своите следбеници, главно од жени. Едното од нив гласеше: „Што би посакала да ѝ се оствари кога би имала можност да си исполни три желби?“.
- Како да продолжам, ме праша една девојка. Па, морам да продолжам, нема друга опција. Лоши работи секогаш можат да ни се случат. Може да има многу несреќни моменти во животот, но мора да се фокусираме на добри нешта. Во мојот случај, добро е што работам, тоа го работам цел живот, од моите 14 години. Покрај тоа, имам поддршка од семејството и пријателите, се опкружив со луѓе кои ме сакаат. Се трудам да се фокусирам на работата, да бидам среќна што сум здрава. Убедена сум дека и другите нешта ќе успеат. Што би побарала ако имам три желби? Доволно ми е само едно – здравје, гласеше одговорот на убавата Џоана.