Библиотеката Клементинум посетителите на сајтот “Bored Panda” ја прогласиле за најубава библиотека на светот.
Основан во 1232-ра година, Клементинум во Прага е најголем и еден од најважните историски комплекси на згради во старото градско јадро. Опфаќа повеќе од два хектари, а се наоѓа во непосредна близина на Карловиот мост.
Клементинум може да се пофали со богата архитектонска еволуција, а покрај тоа, се од среден век па до денес многу европски астрономи, научници, музичари и филозофи работеле и студирале токму таму.
Овој комплекс од 2009-та година бил дом на Националната, Универзитетската, Техничката и Градската библиотека, но последните три се преселиле на друга локација, па денес во Клементинум останала само Националната библиотека на Република Чешка.
Оваа прекрасна библиотека е одличен пример за барокна архитектура и не се променила од денот кога била отворена во 1722-ра година. Ѕидовите и кровот се украсени со фрески на Џосеф Деибел, а комбинираат прикази на уметност и наука.
Сликите на куполата го претставуваат Храмот на мудроста, на ѕидовите на прозорците може да се пронајдат портрети од важни луѓе на језиутскиот унивезитет, а во средиштето на салата доминираат големи глобуси.
Денес во библиотеката Клементинум може да да се пронајдат околу 20.000 книги. Повеќето се од областа на технологијата, а некои датираат дури од 16-тиот век.