Бејл не сака во Тотенхем

61

Велшкиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Герет Бејл, експресно ја одбил понудата да направи кам-бек во редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

Пред неколку дена шпанските медиуми открија дека Реал (М) сака да го позајми Бејл на Тотенхем и од позајмицата да заработи околу 10 мил. евра. Сепак, крилниот напаѓач потврдил дека не сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ каде што има неделна плата од 600.000 фунти.