Бејзбол играч потпиша договор вреден 300 милиони долари

64

Aмериканскиот бејзбол играч, Мени Мачадо (26), потпиша договор со тимот на Сан Диего Падрес вреден 300 милиони долари со што се постави нов рекорд кога е во прашање заработувачката на еден слободен агент во САД.

Мачадо кој ќе им му се приклучи на Падрес како слободен играч, ќе стави потпис на десетгодишен договор вреден неверојатни 300 милиони долари, што го прави втор играч во историјата по бројот на вкупен износ, како и најплатен играч во МЛБ лигата.

До сега настапуваше во Балтимор Ориолс (2012-2018) и ЛА Доџерс (2018), а четири пати беше и на Ол – стар шампионатот, а двапати ја освои Златната ракавица за Трета база (2013 и 2015).

Во договорот меѓу Мачадо и Падрес стои и опт-аут опција по петтата сезона од договорот, како и ограничена клаузула и забрана за трејд.

Сан Диего се обидува да ја засили екипата со цел да стигне до плејофот по 12 едноподруго сезони, како и до Светската серија која никогаш не ја освоиле.

Договорот на Мачадо севкупно гледано е на второ место во историјата на МЛБ, додека неприкосновениот Џанкарло Стентон во 2014 година потпиша тринаесетгодишен договор со Мајами Марлинс за 325 милиони долари. На третото мес на оваа листа е Алекс родригез со 275 милиони долари за десет сезони.

Инаку, апсолутен рекордер во оваа статистичка категорија, според приливот на финансии во САД, е боксерот Канело Алварес со неверојатни 365 милиони долари, кој го потпиша минатата година, а ќе трае до 2023 година.

Мачадо со новиот договор му побегна на НБА ѕвездата, Џејмс Харден, кој моментно е најдобриот поентер во лигата. Тој според најновата листа е на деветото место со 228 милиони долари, договор кој го потпиша пред на шест сезони, а му завршува во 2023 година.