Штрковите туку што слетаа на македонската фолк естрада!!!
Вчера и завчера се породиле сопругите на популарните пејачи Дамјан Стојановски, инаку син на македонската фолк легенда Војо Стојановски и на пејачот Филип Божиновски кој многу добро ни е познат и од шоуто “Ѕвездите на Гранд“, но и по успехот на “Валандовскиот фолк-фест“.
Убавата вест со сите свои пријатели и роднини ја сподели гордата сега веќе бабата Евица Стојановска, мама на Дамјан , која е инаку новинарка и нашата поранешна колешка од весникот “Вечер“.
–
Баба Евица, со синот и снаата…“Филмот со мојата улога на баба веќе почна“, радосно порачува колешката, Евка
Таа весело и со дебела причина напиша на Фб, дека сега има нова животна улога – баба! Со среќа, со многу радост. За деталите околу внукот, вели ќе јави за некој ден подоцна, бидејќи сега е во гужва, а и од силна возбуда не може дури ни да зборува. Разбирливо и кусо напишано од страната на Евица: -Филмот со мојата улога на баба веќе почна и јас му се предавам најодговорно!
Пејачот Филип Божиновски, својата радост како татко исто така ја сподели преку фб:
24 август… ден пред мојот роденден си добив најубав подарок. Чувството не се опишува….емоции кои неможат да се објаснат со зборови. Мојата Сања Митровска ми роди ќерка. Станав татко! Новото поглавје во нашиот живот допрва почнува, напиша Божиновски. Д.М.