Повеќе од две години е без тренерска работа, но, тој не сака да губи време. Некогаш најскапиот дефанзивец на светот има нова пасија и гордо се пофали со најновото занимање.
Нема фудбалски фан кој не слушнал за него, а беше најпознат по својата неверојатна сила. За разлика од модерните играчи кои се претежно симулатори, тој беше максимално професионален во сите 90 минути.
Јап Стам беше прототипот на фудбалскиот робокоп. Од никого немаше страв, а пред него со опаш мавтаа и фудбалските легенди како Патрик Виеира и Златан Ибрахимовиќ, кои беа познати како играчи кои во секој момент беа подготвени и за физичка пресметка.
Репрезентативецот на Холандија беше еден од најдобрите дефанзивци, препознатлив по неговите жестоки стартови. Кога се пресели од ПСВ во Манчестер Јунајтед беше платен 17 мил. евра, во тоа време тоа беше светски рекорд..
Три години подоцна Лацио го купи за неверојатни 26 мил. евра. Пред неколку години, легендарниот Сер Алекс Фергусон призна дека тоа што му дозволил на Холанѓанецот да замине е неговата најголема грешка.
-Тој штотуку се врати од тешката повреда на петата и тоа беше понуда што не можевме да ја одбиеме, но во однос на квалитетот на игра, направивме голема грешка што го пуштиме да си замине, призна Фергусон.
Дел од кариерата мина и во Милан кога во дербито против Јувентус му одржа лекција на тогаш помладиот Златан Ибрахимовиќ.
По завршувањето на кариерата почна да се занимава со тренерска работа, а невработен е од септември 2021 година кога го напушти американскиот клуб Синсинати. Но, Стам не е човек кој губи време.
За време на изминатиот викенд Стам објави неколку фотографии како го молерисува својот дом. Судејќи по објавата, тој може да биде горд на самиот себеси.
Иако е горостас и вистинска машка карпа, Стам има една мана. Имено, познатиот дефанзивец се плаши од вода и не знае да плива. За ова зборуваше покојниот Синиша Михајловиќ.
-Ако Стам наптавеше лизгачки старт врз некој играч, тогаш тој играч би си го ризикувал животот, а ако те фати сигурно ќе завршиш на трибините. Сепак, надвор од теренот тој беше навистина добар човек. Бевме во Калабрија со нашите семејства. Некои играчи беа во базенот, некои во барот. Решивме да одиме на море и да го бараме Јап. Но, не го најдовме. Се вртам и го гледам како седи во веслачкиот базен, длабок не повеќе од половина метар, меѓу децата на другите играчи на кои водата им беше можеби до колена. Му викнав: „Јап, дојди, да одиме да пливаме во морето“. Бев омекнат од тивкиот одговор: „Не благодарам, ти оди, јас ќе останам овде. Не знам да пливам, се плашам од вода“. Неверојатно. Така и тој, како и сите други, се плашеше од нешто, изјави еднаш Михајловиќ за Стам.